Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донира и распределува вкупно 15.000 фудбалски топки на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, младински конкуренции и Женска фудбалска лига).
Две илјади фудбалски топки ќе бидат распределени за клубовите од 1 и 2 МФЛ, 11.700 илјади топки се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи, младински конкуренции и детски лиги, додека 1.300 фудбалски топки ќе добијат клубовите кои се натпреваруваат во женските лиги.
Набавката на досега најголемиот број на фудбалски топки по сите стандарди на ФИФА произведени и со дизајн за ФФМ, Управниот одбор на Федерацијата ја најави кон крајот на минатата година, а во текот на следната седмица клубовите веќе ќе можат да ги користат за тренинзи и натпревари.
Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ, ФФМ уште еднаш ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.