Портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија Златко Андоновски, денеска на прес-конференција потврди дека вчера имало труење на 11 деца од Академијата на Федерацијата, и дека веднаш е раскинат договорот со доставувачот на храна.
Потврдуваме дека имаше труење со храна, 11 деца и 1 физиотерпеавт. Лабараториските испитувања потврдија дека има труење и веднаш раскинат е договорот со доставувачот на храна „Галакујна“. Децата имаа ручек и вечера во ресторанот на „Галакујна“ на денот кога беа затруени, и веднаш од ФФМ беа испратени на испитувања . Во првиот случај пред неколку месеци кога имаше симптоми, лабараториските испитувања покажаа дека нема труење“, изјави Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.