На никого не му е сеедно, но здравјето на нацијата мора да биде на прво место, порачува претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини кој воедно им честиташе на сите за големиот успех и порача: Се гледаме на Европско.
„Радосни сме, од срце им честитам на македонските фудбалери за историскиот резултат. Репрезентацијата покажа неверојатна сила и го заслужија епитетот – спортски херои. Фудбалерите, стручниот штаб и сите од ФФМ и медумите, најмногу сакаат да ја споделат радоста со навивачите и нашите сограѓани. Но, во време на пандемија мораме да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето и ве замолувам да бидеме одговорни. Ова е момент на голема радост, но убеден сум дека ќе имаме уште многу вакви моменти на кои заеднички ќе прославуваме. Да ги почитуваме мерките на здравствените институции за добро на секој од нас. Имаме два натпревари за неколку дена и важно е да ги поштедиме и нашите херои. Се гледаме на Европско. Напред Македонија.“ – изјави Мухамед Сејдини претседателот на ФФМ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.