Фудбалската федерација на Македонија официјално го претстави новиот селектор на репрезентацијата, Благоја Милевски. Тој на селектроската позиција ќе биде до 2024 година.
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини му посака успешна работа на новиот селектор.
Милевски е човекот кој ја создаде генерацијата која ни донесе многу успеси и радости. Ние во федерацијата сме уверени дека новиот селектор има капацитет за уште поголеми успеси. ФФМ му изразува поддршка. Иако на дресот е бројот на годината (2024) со важност на договорот, посакуваме да соработуваме многу подолго – истакна Сејдини, подарувајќи му дрес на Милевски.
Милевски се заблагодари за поддршката и вети максимален ангажман за нови успеси.
Со нетрпение чекам да почнам со работа со играчите кои во најголем број сме соработувале во минатото. Во септември продолжуваме со квалификациите за СП 2022. Победата над Германија не треба да не залажува. Репер треба да ни бидат настапите на ЕУРО 2020. Треба д аго искористиме правилно потенцијалот кој го поседуваме. Благодарност до ФФМ за поддршката и се надевам на успешни резултати – изјави Милевски.
Тој на селекторското место ќе го наследи Игор Ангеловски, со кого македонската репрезентација настапи на Европското првенство 2020.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.