Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите поддржувачи и навивачки на македонската репрезентација дека од петок, 09.10.2020 до 23.10.2020 преку МК Тикетс, официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети за натпреварите на нашите национални тимови, ќе се врши враќање на паричните средства за билетите купени за откажаниот натпревар меѓу Македонија и Косово кој првично требаше да се одигра на 23. март 2020.
Парите од купените билети ќе се враќаат на следниот начин:
Документ за идентификација и оргиналниот веќе купен билет, на следните продажни места:
Скопје:
– Билетара на градскиот стадион во Скопје во период од 9.10. до 23.10.
– Прилеп – ТА Бран – 9.10. до 23.10.
– Штип, кафе „Симбол“ – 9.10. до 23.10.
Струмица:
– Кафе бар „Концепт“ 9.10. до 23.10.
Неготино:
– Тобако Корзо
Велес:
– Унисон 9.10. до 23.10.
Охрид:
– ТА Глобус Травел 9.10. до 23.10.
Битола:
– Книжара „Литература МК“ од 13.10 до 18.10
Сите кои не се во можност или имаат проблем слободно да искомуницираат на contact@mktickets.mk
Натпреварот меѓу Македонија и Косово на 08. октомври ќе се одигра без присуство на публика како една од мерките и препораките на македонските здравствени власти за заштита од пандемијата Ковид-19.
УЕФА во текот на изминатата седмица преку допис ги информираше националните федерации дека дозволува присуство на публика во ограничен број (1/3 од вкупниот капацитет на стадионот) и Фудбалската федерација на Македонија преку официјален допис до здравствените институции побара дозвола за присуство на публика на утрешниот натпревар, но конечната одлука во однос на присуство на публика на стадионите во нашата држава до овој момент не е променета, односно важи забраната за собири на спортските гледалишта и стадиони.
Фудбалската федерација на Македонија упатува благодарност до сите поддржувачи и навивачи на македонската репрезентација за подготвеноста да ја бодрат нашата селекција со надеж дека во најскоро време одново на вистински начин ќе бидеме поттик за омилената репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.