Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи со соопштение во однос на внатрешниот скандал, којшто сами го пријавија во надлежните институции, а кое се однесува на, според напишаното, неоснован притисок од страна на лица и медиуми коишто не се точно информирани за работата на ФФМ и свесно или не, наштетуваат на кредибилитетот на Федерацијата.
„Како Фудбалска федерација на Македонија, секако не се чувствуваме спокојно откако го проследивме последниот текст во одредени медиуми и ги слушнавме изјавите на одредени лица, каде што директно се напаѓа нашето работење. Како транспарентна институција збунувачки е фактот кога одредени лица не клеветат за нешто за кое што ние самите сме пријавиле до надлежните институции. По пријава од страна на ФФМ и сомнение за проневера, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка која сеуште е во тек и било каква информација до медиуми од наша страна би била неодговорна и негативно може да влијае врз постапката. Во овој случај, единствено институциите се надлежни, а по расчистување на целиот процес, ФФМ ќе ги изнесе сите факти и документи кои беа доставени до надлежните. Во овој момент, не би сакале да шпекулираме со бројки и непотврдени информации, а ги поттикнуваме сите оние кои сметаат дека можат да помогнат на истрагата, да ги изнесат своите информации до Јавното Обвинителство, со што би му помогнале на процесот. Благодарност за загриженоста, но ја уверувам јавноста, посебно фудбалската дека нашето работење не е загрозено. Во моментот сме и ќе продолжиме да бидеме поттик и поддршка за сите национални репрезентации, клубови и воопшто, за целото фудбалското семејство. Се надевам и многу повеќе по расчистување на случајот “ – изјави Муамед Сејдини, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
За овој случај се огласи и Агенцијата за млади и спорт, чии став е дека секој што го прекршил законот и кој што направил било каква проневера на финансиски средства треба да сноси одговорност. Кршење на закон од било кого и на било каков начин, не само финансиски, секако мора да сноси одговорност и последици.
„ФФМ е премногу сериозна институција за да се занимава со претпоставки и наводни клевети, посебно од лица кои што биле во можност да реагираат за наводен криминал до институциите, но не го направиле тоа, дури и во времето кога имале увид во работата на федерацијата. Фудбалската федерација на Македонија заедно со надлежните институциите ќе продолжи да соработува со институциите за расчистување на случајот.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.