Фудбалската Федерација на Македонија излезе со официјално соопштение во кое информира дека се одложени четврт-финални двојки од фудбалскиот Куп, поради трагичната несреќа на македонскиот автобус во Бугарија.

Македонија прогласи три денови на жалост поради огромната трагедија во која најмалку 45 македонски граѓани го загубија животот.

Комисијата за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство и клубовите од МФЛ дека по големата автобуска несреќа која се случи во раните утрински часови во Р. Бугарија, а во која животот го загубија наши граѓани, планираните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија закажани за 24. ноември 2021 година се пренасочуваат за одигрување на 01. декември 2021 година со почеток во 13:00 часот – се наведува во соопштението на ФФМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.