Порфесорката Гордана Силјановска Давкова предлага кратенката ФФМ од Фудбалска федерација на Македонија да стане МФФ – Македонска фудбалска федерација, оти Преспанскиот не ја забранува придавката „ македонска“.

Ако има МКД, може да има и МФФ односно „македонска фудбалска федерација“, како и македонска фудбалска репрезентација.

Поврзувањето на кратенката со државата, заради некоја исплата од Агенцијата е пофалба на глупоста и лудоста, оти спортот не е државен, туку народен и граѓански феномен, Ама, ова не важи во земја БУДАЛИЈА, како „нашава“.

Наместо спортот и фудбалот да им припаѓаат на фудбалерите и навивачите, во него се вгнездиле – политичарите!

Што бара министерот за надворешни работи кај првиот човек на фудбалот? Можеби го третира како амбасадор на фудбалот!?! Ама, ЧИЈ?, гласно размислува Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.