Фудбалерите на Ливерпул ја освоија титулата во Премиер лигата која ја чекаат дури 30 години, откако Челси го совлада Манчестер сити и на седум кола до крајот имаат 23 бода предност пред „граѓаните“.

Навивачите на „црвените“ едвај го дочекаа овој момент и заборавија на коронавирусот и излегоа на улиците на Ливерпул да го прослават освојувањето на 19. шампионска титула.

Главната прослава беше пред „Енфилд“ каде се собраа неколку десетици илјади навивачи на Ливерпул.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.