Презентацијата на третата комбинација на дресот на Челзи за следната сезона предизвика вистински бум на негодување меѓу навивачите на клубот.
Дресот, што официјално треба да се најде во продавниците на 10 септември, се карактеризира по розевите и темно виолетови вертикални ленти, досега сосема некарактеристични за лондонскиот клуб.
Таквиот невообичаен изглед на дресовите не им се допадна на фановите.
Како може да ги купите Вернер, Зијеч и Хаверц и да ги натерате да играат облечени во ова. Какво разочарување – вели еден коментар на разочаран фан.
Други посочуваат дека овој дрес премногу наликува на комбинацијата на Кристал Палас и бараат да биде променет.
Никогаш не е доцна да ја подигнете раката и да признаете дека сте направиле огромна грешка – е друг коментар.
Сепак, има и такви кои немаат против на некој натпревар фудбалерите на Челзи да се појават на терен со ваквите дресови.
Не ми е грижа што миислат луѓето. Тоа е нашата трета комбинација и не е до толку лоша. Смирете се малку – се вели во коментарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.