Капитенот на Монако, Радамел Фалкао, по се изгледа следната сезона ќе настапува за италијанскиот клуб Рома. Италијанските медиуми пишуваат дека Фалкао ќе биде замена за Босанецот Един Џеко, кој се очекува наскоро да ја напушти „волчицата“ за да им се приклучи на „нероазурите“.

Освен Рома, за одличниот напаѓач постои голема заинтересираност од неколку клубови во Турција, кои сакаат да го видат во нивната линија на нападот.

Сепак, како што јавуваат повеќе италијански медиуми, самиот Радамел приритет и дава на Рома.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.