Шпанскиот фудбалер Цеск Фабрегас следните неколку дена ќе му се приклучи на француски Монако со кој потпишал договор со траење од две и пол години, објави локалното издание „Екип“. Тој веќе го одигра својот последен натпревар за Челси притов Нотингем Форест во рамки на ФА Купот на Англија.

Играчот и неговиот агент ги одржале финалните преговори со потпретседателот на Монако, Вадим Василиев, со кој ги прецизирале сите детали за личниот договор на Фабрегас.

Двата клуба допрва треба да постигнат договор за надоместокот што Челзи ќе го добие, а „сините“ инсистираат на износ од околу 12 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.