Руски Евроспорт не ѝ дава големи шанси на македонската фудбалска репрезентација во дебито на претстојното Европско првенство и прогнозира дека нашите момци нема да освојат повеќе од еден бод во групата.

На прв поглед, Македонија е аутсајдер во групата. Од австрискиот тим загуби двапати во квалификациите, со Украина на Шевченко исто така ја очекува борба за пласман во плеј-офот, а тука е сè уште и моќната Холандија. Очигледно, момците ќе се борат, но тешко е да се очекува од нив повеќе од еден бод во групата. ‘Винлајн’ верува дека Македонија нема да добие ниту еден натпревар. Триумф на тимот во групата се проценува на коефициент 21, а на првенството – 480, пишува во анализата на „црвено-жолтите“ на специјализираниот ТВ-канал на руски јазик, пренесе порталот Експрес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.