На Европското фудбалско првенство e поставен нов рекорд во постигнати голови. Како што објави УЕФА на својата веб-страницата, додега репрезентациите учеснички постигнаа 118 погодоци, со што го надминаа рекордот од 108 голови, што беше поставен на ЕУРО 2016.

Претходниот рекорд беше надминат со голот на Хрватот Мислав Оршиќ, кој во осминафиналниот натпревар против Шпанија (3:5), го постигна 108. гол на ЕУРО 2020.

Пред воведувањето на форматот со учество на 24 екипи во 2016 година, најефикасно првенство беше тоа во 2000 година. Тогаш репрезентациите постигнаа 85 голови.

На актуелното Европско првенство поставен е и рекорд за просечен број на голови по натпревар од воведувањето на групната фаза во 1980 година. Во просек, на ЕУРО 2020 се постигнуваат 2,81 погодок. Пред воведувањето во групната фаза, најмногу голови беа постигнати во ЕП 1976 година – 4,75 гола на натпревар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.