Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар 1961 испратија поддршка до нивните спортски колеги од фудбалската репрезентација, кои во Букурешт се подготвуваат за претстојниот настап на Европското првенство.
Европското чудо кое тие го направија е мотив плус за нашите фудбалери – објави ФФМ, споделувајќи на социјалните мрежи фотографии на кои под мотото „Македонија на ЕП, сонот наш од детство“ позираат ракометарите на Вардар – Иван Чупиќ, Стојанче Стоилов, Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров.
Македонските фудбалери од вчера во базата во Букурешт се подготвуваат за премиерниот натпревар на ЕУРО 2020 против Австрија, в недела со почеток од 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.