Фудбалските тимови наАрсенал, Виљареал, Манчестер Јунајтед и Рома се патниците во полуфиналето на Лигата на Европа.

По ремито 1:1 со Арсенал, фудбалерите на Славија Прага имаа шанса на свој терен да го турнат големиот противник и да се најдат во полуфиналето меѓутоа доживеаа тежок пораз.

По првото полувреме Арсенал имаше предност од 0:3 со головите на Никола Пепе, Александре Лаказет и Букају Сака во период од 18-тата до 24-тата минута од мечот. Во вториот дел Лаказет уште еднаш погоди за конечни 0:4 за „топчиите“.

Манчестер Јунајтед го потврди квалитетот во однос на Гранада со уште една победа сега со 2:0 на домашен терен. Стрелец на првиот гол е Единсон Кавани во првото полувреме, а вториот е беше автогол на Валехо во 91 минута.

Виљареал и на свој терен го победи Динамо вечерва на свој терен славеше со 2:1 со головите на Алкасер и Жерар Морено во првото полувреме.

Во вториот дел Оршиќ го ублажи поразот. За Динамо до 62. минута играше Ристовски, додека целиот меч го одигра Адеми.

Ајакс поведе во Рим со голот на Броби во 49. минута и тоа само три минути откако влезе во игра. Шест минути подоцна и Тадиќ погоди но голот беше поништен поради фаул. Во 72 минута Един Џеко даде гол и ја однесе Рома во полуфиналето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.