Евертон и Тотенхем во вчерашниот меч дадоа девет голови, две враќања на Тотенхем за 4:4 на крајот од 90. минути, а потоа во дополнителното време 5:4 за Евертон.

Санчез донесе водство на Тотенхем, но следуваше одговор од Евертон, и тоа за седум минути три гола. Калверт Луин израмни, Ричарлисон поведе, а Сигурдсон од пенал донесе 3:1. Ламела намали на 3:2 во последните мигови од првиот дел, за Санчев на стартот од вториот дел да израмни на 3:3.

Ричарлисон донесе ново водство на Тотенхем, кое го анулираше Кејн во 83. минута за нерешен резултат, што значеше продолженија.

Таму нововлезениот Бернард успеа да погоди од десната страна во мрежата на Јорис за 5:4, што беше и конечен резултат по 120 минути



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.