Екипата на Евертон вчера одигра одличен натпревар и го прегази Јунајтед на домашен терен со 4-0. На гостите очигледно влијаел поразот од Барселона во средата, па имаа ужасен настап кој сериозно ги намали нивните шанси за пласман на местата кои водат во Лигата на Шампионите.
Ричарлисон го отвори резултатот во 13. минута, за Исланѓанецот Сигурдсон да го удвои водството на петнаесет минути пред крајот на првиот дел.
Евертон продолжи со доминацијата и во второто полувреме кога на 3-0 зголеми левиот бек на „карамелите“ Лукас Диње, за конечниот резултат да го постави Тео Волкот кој влезе во игра во 50. минута.
Поразот го остави Јунајтед на шестото место на табелата во Премиер лигата со 64 бода, два помалку од Арсенал кој е на четвртото место со 66, последно кое води во најелитното европско наптреварување. Во следните два натпревари, „црвените ѓаволи“ ги чека тешка задача бидејќи ќе играат со Манчестер Сити кој се бори за титулата, па со Челси кој исто така „брка“ пласман во првите 4 места на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.