Најдобриот македонски фудбалер во историјата Горан Пандев, со чиј погодок вчера Македонија обезбеди пласман на ЕП по триумфот над Грузија ќе добие труба од македонскиот музичар Џамбо Агушев, кој исто така по потекло е од Струмица.

Агушев денеска од Пандев го доби како подарок дресот кој нашиот капитен го носеше на историскиот натпревар. По ваквиот убав гест на Пандев, навивачите побараа за возврат музичарот да му ја даде трубата на капитенот.

-E саа Џамбо да е фер и да му даде трубата на Гочето, напиша Димитар Стоилков на социјалните мрежи.

По ова, со коментар се јави и Џамбо Агушев кој порача:

-Значи со задоволство ќе му дадам една труба на нашио крал. И така имам дома 20 труби. Поздрав до сите вас!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.