Големиот успех на фудбалскиот клуб Вележ од Мостар, кој во Конференциската лига на УЕФА успеа на пенали да го елиминира фаворизираниот АЕК во Атина, предизвика вистинска еуфорија во овој град во БиХ.
Дополнително лудило предизвика ветувањето на тренерот Феџа Дудиќ, кој најави дека ќе се истрижи келав доколку Вележ го елиминира АЕК, а веднаш по слетувањето на неговиот тим, уште на аеродормот во Мостар го исполни таквото ветување.
Веднаш по тренерот, неговиот пример го следеше и директорот Џемил Шоша, па играчите, а трендот молскавично се прошири низ градот, па бројни навиачи ја минаа ноќта на улиците и си ги стрижеа и бричеа главите.
Во третото квалификациско коло од Конференциската лига, Вележ ќе игра против шведски Елфсборг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.