Африканската фудбалска легенда, Самуел Ето, нема намера да замине во пензија, па тој ќе игра фудбал и во 38 година од својот живот. Напаѓачот во моментов ги брани боите на Катар Спорт Клуб, а неговата одлука е и во наредната година да настапува во за истиот тим.
Исклучително сум среќен поради шансата која ми ја дава „Спорт Клуб“ да играм иако имам 37 години. Сигурен сум дека ќе играм и наредната година, потоа ќе видиме што ќе се случи, не сакам да гледам толку далеку. Фудбалот за мене значи многу, кога ќе забележам дека не можам да давам се од себе, тогаш и ќе кажам „крај“, заврши Ето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.