Манчестер Јунајтед е во одлична серија откако го отпушти Жозе Мурињо на 17 декември минатата година и како привремен менаџер го ангажираше Норвежанецот, Оле Гунар Солскјер.

Во јавноста продефилираа неколку имиња како можни наследници на португалскиот стратег, а најмалку се споменуваше името на тренерот кој беше ставен само да ја доработи оваа сезона, Оле Гунар Солскјер.

Сепак, по неверојатните резултати кои ги оствари во последните два месеци Солскјер стана единствениот сериозен кандидат за перманентно да седне на клупата на Манчестер Јунајтед.

„ЕСПН“ пренесува дека досега ниту еден друг тренер не е контактиран од раководството на Манчестер Јунајтед и дека тоа нема ни да се случи затоа што популарниот „Бејби Фејс“ сосема оправдано ќе ја добие довербата од раководството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.