Фудбалската репрезентација на Романија загуби од Ерменија. Фудбалската репрезентација на Ерменија со нови три бода ги затвори мартовските квалификации за следниот Мундијал, откако на свој терен преку луд пресврт во самиот финиш славеше херојска победа над Романија од 3-2.

Романците важат за наш најголем ривал за второто место кое води во баражот, па овој нивни пораз е добра вест за нас.

Ерменија поведе со гол на Сперсијан во 56. минута, но Романија со два гола на Чичалду го сврте резултатот и на 2-1 во нивна полза.

Клучниот момент се случи во 78. минута кога Пушкаш доби црвен картон, а тоа максимално го искористи Ерменија.

Најпрво во 87. минута преку капитенот Харојан израмни на 2-2, а две минути подоцна поранешниот Вардарец, Барсегјан од пенал ја донесе победата од 3-2.

Ерменија има старт од соништата со три победи од три натпревари, Романија има еден триумф, тој од 3-2 против Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.