Фудбалерот на Данска, Кристијан Ериксен, ја напушти денеска болницата во Копенхаген, една недела откако доживеа срцев удар на натпреварот против Финска на ЕУРО2020.
Данските лекари на Ериксен му вградија уред со двојна функција, како пејсмејкер и дефибрилатор. Како што објавија светските медиуми, тој денеска прво ги посетил своите соиграчи, а потоа заминал дома.
Ви благодарам за огромниот број желби за моето здравје. Беше неверојатно да се види и почувствува. Операцијата помина добро, и јас добро се чувствувам. Беше навистина одлично да се видат момците повторно по фантастичниот натпревар што го одиграа синоќа. Нема потреба да кажувам дека ќе ги навивам во понеделник против Русија, рече тој во изјавата.
Дваесет и деветгодишниот Ериксен беше хоспитализиран во саботата, по десетминутна реанимација на тревникот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, откако колабираше на теренот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.