УЕФА соопшти вечерва дека здравствената состојба на Кристијан Ериксен е стабилизирана и данскиот репрезентативец е хоспитализиран, откако колабираше на теренот во финишот на првото полувреме на натпреварот против Финска во Копенхаген во рамки на ЕУРО2020.
Кристијан Ериксен дише и е контактибилен. Тој е во свесна состојба, изјави неговиот агент Мартин Шуц.
Како што е соопштено, претставници на данската и финската репрезентација и организаторите на натпреварот во Копенхаген веќе одржале состанок и побарале натпреварот да се доигра вечерва.
Прво ќе се доиграат пет минути од првото полувреме, а по пауза од пет минути, ќе се се одигра и второто, потврди УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.