Кристијан Ериксен, данскиот фудбалер кој колабираше на мечот Данска – Финска, на Европското првенство кое е во тек, е во болница во својата земја, и испрати порака до фановите преку својот Инстаграм профил.

Здраво на сите, огромно благодарам за вашите убави и неверојатни пораки од целиот свет. Навитина многу ми значи, мене и на семејството. Јас сум добар, со оглед на условите. Сè уште треба да минам одредени прегледи во болницата, но се чувствувам добро. Сега ќе навивам за мојата селекција, за Данска во наредните натпревари. Се молам за целата нација“, напиша Ериксен.

Колабирањето на Ериксен на теренот го обиколи светот. Страшните сцени од „Паркен“ во Копенхаген предизвикаа бура реакции, пораки за поддршка бидејќи фудбалерот по падот се освести и е во стабилна состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

Засега не е позната причината поради која фудбалерот на Интер колабираше на мечот, вртат многу шпекулации, но мора да се сочека официјалната дијагноза и лекарските извештаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.