Екипата на синоќа Ајакс направи сензација во Лигата на шампионите и со победа од 1-2 го исфрли италијанскиот шампион Јувентус среде Торино. Младите фудблалери на Ајакс одиграа одлично, особено во вториот дел која целосно го надиграа противникот. Тренерот Ерик тен Хаг по мечот истакнал дека Ајакс го почувствувал моментот и тргнал во напад.
Ова е голем успех на холандскиот фудбал. Првпат по 1997 година Ајакс е во полуфиналето на ЛШ. Го почувствувавме моментот, забележавме дека Јувентус се исплаши и тргнавме во напад. Создадовме неколку шанси и требаше да бидеме поефикасни, побрзо да го решиме натпреварот. Сепак, е ова неверојатен успех, среќен сум за момците, изјавил тен Хаг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.