Расте бројот заразени со корона вирус во редовите на англискиот прволигаш Тотенхем поради што е доведено во прашање одигрувањето на утрешниот натпревар во Лондон во рамки на УЕФА Конференциската лига против француски Рен.

Засега позитивни на Ковид-19 се осум фудбалери и петмина од клупскиот персонал, а тренерот Антонио Конте во моментов на располагање има само 11 здрави фудбалери.

Проблемот е во тоа што секој ден имаме нови луѓе со Ковид. Луѓето, кои вчера не беа позитивни, денеска се позитивни, а ние и натаму имаме контакт со луѓе за кои мислиме дека се негативни –  изјави попладнево тренерот Антонио Конте.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.