Шпанските фудбалски прволигаши, Леванте и Хетафе одучија да ги отпуштат своите тренери.

Пако Лопез е разрешен од функцијата главен тренер на Леванте, а одлуката е поврзана со неуспешниот старт на тимот во тековната сезона. Леванте освои четири бода на осум натпревари и е 18. во Ла Лига.

Педесет и четиригодишниот Лопез го предводеше тимот за кој настапува Енис Барди, од 2018 година. Тој има 147 натпревари со Леванте и најдобар резултат во историјата на клубот пласирајќи се во полуфиналето на Купот на Шпанија.

И тренерот на Хетафе, Мичел, е сменет од функцијата. Според шпанскиот весник, „Марка“, одлуката ја донел претседателот на Хетафе, Анхел Торес. Причината се незадоволителните резултати на тимот.

На осум натпревари, Хетафе има освоено само еден бод и е последен на табелата. Тренерот не успеа да се спаси со ремито против Реал Сосиедад (1:1) во последното одиграно коло.

Педесет и осумгодишниот Мичел го презеде Хетафе на 27 мај. Тој го замени Хозе Бордалас кој премина во Валенсија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.