Македонската фудбалска репрезентација доби одлична вест пред патувањето за Букурешт на Европското првенство. Како што официјално потврдуваат од ФФМ, Енис Барди е негативен на Ковид-19 и без проблеми ќе патува и ќе игра на ЕУРО 2020.
Барди е еден од нашите клучни играчи и се очекува тој во текот на денот да им се приклучи на останатите свои репрезентативни колеги.
По негативниот тест, Барди ќе се најде во чартерот за Букурешт во вторник, со кој нашата репрезентација ќе замине на ЕП.
Досега Барди беше во карантин во хотелот „Хилтон“ и немаше никаков контакт со останатите членови од репрезентацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.