Турскиот фудбалски гигант Фенербахче спогодбено го раскина договорот со тренерот Ерол Булут. Истовремено, истанбулскиот клуб соопшти дека екипата до крајот на сезоната ќе ја води спортскиот директор Емре Белозоглу.
По добриот старт на сезоната Фенербахче полека го губи здивот во трката за шампионската титула и се наоѓа на третото место на табелата со заостанување од пет бодови зад лидерот Бешикташ, кој има одиграно и натпревар помалку.
Емре Белозоглу е играчка легенда на Фенербахче, чиј дрес го носеше осум сезони , а беше и член н турската репрезентација. Пред една година беше назначен за спортски директор на клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.