Германскиот репрезентативец Емре Џан денеска изјавил дека е разочаран и изненаден од одлуката на Јувентус да не го регистрира во екипата за групната фаза од Лигата на Шампионите.
Минатата недела клубот ми вети нешто друго. Вчера тренерот ми се јави и во помалку од една минута ми кажа дека не сум во составот. Шокиран сум и многу лут, истакнал Џан кој во моментов е во германската репрезентација.
Тој заедно со Марио Манџукиќ беа изоставени од тимот регистриран за ЛШ, а по се изгледа двајцата ќе го напуштат клубот во зимскиот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.