На „Твитер“ беше споделено емотивно видео, направено пред една година, од моментот кога Хозе Антонио Рејес се враќа дома после два месеца поминати работно во Кина. Тој конечно по долго време ги гледа своите две ќерки.

Поранешниот репрезентативец и петкратен шампион на Лига Европа, вчера го загуби животот во сообраќајна несреќа на 35 години. Навивачите ќе го паметат по своите настапи за Севиља, Арсенал, Реал Мадрид, Бенфика, Атлетико Мадрид, Еспањол и Кордоба. Во 2018 година Шпанецот направи мала авантура и играче во кинеското првенство во екипата на Ксинјанг Тианшан Леопард.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.