Тренерот на Арсенал, Унаи Емери бил изненаден од веста дека Мурињо добил отказ на клупата на Манчестер Јунајтед. Управата на англискиот клуб денес му додели отказ на Мурињо, а пресуден момент беше поразот од Ливерпул во големото англиско дерби.

Освен, Клоп и Покетино неговиот отказ го прокоментира и стратегот на Арсенал Унаи Емери.

-Единствено што можам да ви кажам е дека сум изненаден и дека ова не се добри вести, бидејќи кога тренерот на ваков начин ќе ја заврши својата работа, не е добро за ниту еден тренер, рече Емери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.