Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Хенрих Михитаријан најверојатно ќе го напушти тимот во текот на летото, објавуваат британските медиуми.
Тренерот на „топчиите“, Унаи Емери планира да го засили тимот со цел пласман во Топ 4 на Премиер лигата, а за да обебеди пари за нови трансфери, ќе мора да се ослободи од неколку сегашни фудбалери кои имаат високи плати. Еден од нив е 30-годишниот Ерменец кој заработува 180 илјади фунти неделно.
Слична судбина може да го снајде и Месут Озил кој добива неверојатни 350.000 фунти неделно.
Оваа сезона Михитаријан настапи на 26 натпревари за Арсенал, постигна шест гола и запиша шест асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.