Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери беше санкциониран од Фудбалската асоцијација на Англија.

Шпанскиот ментор ќе мора да плати парична казна од 8.000 фунти за неговото дејствување во натпреварот против Брајтон.

Стратегот шутна шише вода кон навивачите на ривалскиот тим, како резултат на неговото незадоволство од презентацијата на неговиот тим на теренот.

Тренерот веќе рече дека се согласува со казната и ќе ја плати во потребниот рок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.