Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас се пофали на социјалните мрежи со новите дизајни на копачките.

Едниот пар го посвети на Македонија, каде го има неговиот лик со половина глава од лав, а и знамето на нашата држава. Вториот пар, пак, и го посвети на својата екипа Наполи со натписот – „синот на Неапол“.

20-годишникот полека се наметнува кај тренерот Џенаро Гатузо, а со ваквите потези и кај навивачите, кои имаа илјадници коментари за ова видео.

Наполи се враќа на терените на 23 јуни со гостувањето кај Верона. Тимот е на шестата позиција и ќе има тешка задача да се избори за пласман во Лигата на шампионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.