Фудбалерот за врска на македонската фудбалска репрезентација, Елиф Елмас, им се заблагодари на досегашниот селектор Игор Ангеловски и досегашниот капитен Горан Пандев за соработката што ја имаа во националниот тим изминатите пет години.

– Чест ми беше да ги делам овие пет години со две вакви легенди на македонскиот фудбал и големо благодарам што ја направивте цела Македонија горда. # Евро2020 беше едно големо искуство, се надевам дека во иднина ќе има уште вакви успеси. Благодарам на поддршката од целиот македонски народ # ГоранГрандеПандев # ИгорАнгеловски, напиша Елмас на Инстаграм.

Ангеловски и Пандев на 21 јуни, на ЕВРО 2020 против Холандија го имаа последниот ангажман во македонската фудбалска репрезентација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.