По израмнувањето од страна на Исланѓаните, Елиф Елмас ја врати насмевката на македонските навивачи со голот постигнат во 63. минута. Во моментот 2:1 е резултатот во последниот натпревар од мундијалските квалификации, а победа за првпат нè носи во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Натпреварот го отвори Алиоски во седма минута, а на полувреме можеше да заминеме и со два гола предност, но голот на Чирлинов судијата Маса го поништи поради офсајд. По десетина минути игра во второто полувреме, Торстеинсон израмни на 1:1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.