Mногу брзо по потпишувањето на договорот, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра и првите минути за Наполи. Тој доби шанса за деби во новиот клуб на пријателски меч против второлигашот Кремонезе против кој одигра 20-тина минути.

Мечот заврши со резултат 3-3 , пред дуелот македонскиот фудбалер доби овации од публиката, а беше цел и на фоторепортерите кои сакаа да го овековечат неговото појавување во синиот дрес на клубот од Неапол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.