Фудбалска Европа ќе добие нов владетел откако германскиот Баерн Минхен вечерва беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, и тоа од ланскиот финалист ПСЖ.
Баерн славеше минимално на „Паркот на принцовите“ со 0-1, што сепак беше недоволно да се стигне до полуфинале и поради поразот од 2-3 минатата недела во Минхен.
Баерн стигна до водство преку Чупо Мотинг, кој се најде на вистинското место по една одбиена топка и ја смести во мрежата на противникот.
Челси загуби со 0-1 на реваншот со Порто, но англискиот премиерлигаш благодарение на триумфот од 0-2 на првиот меч се пласираше во полуфиналето, каде ќе го очекува подобриот од двомечот Реал Мадрид – Ливерпул.
Порто првиот удар во рамките на голот на Менди го упати дури во 70. минута, а до победата стигна дури во 91. минута со прекрасниот погодок на Иранецот Тареми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.