Тимот на Наполи успеа да го добие Јувентус и да го освои трофејот во Купот на Италија.
Наполиталнците се покажаа како подобри изведувачи на ударите од 11 метри и со тој дојдоа до пехарот на „Олимпико“ во Рим. Големо беше задоволството и среќата во таборот на Наполи особено кај нашиот репрезентативец Елиф Елмас кој не можеше да се оддели од пехарот и воедно испрати една јасна порака преку социјалните мрежи.
Прв трофеј во мојата кариера освоен со еден специјален тим. Магична ноќ со надеж дека ќе биде првиот од долга серија трофеи. Напред Наполи, секогаш во срцето, напиша Елмас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.