Египетскиот репрезентативец, Мохамед Елнени и официјално го напушти Арсенал и замина во Турција каде сезонава како позајмен ќе настапува за Бешикташ.
Унаи Емери неодамна му порача на Елнени дека не смета на него оваа сезона и дека би било подобро да побара нов клуб. Во таа насока „топџиите“ преговараа со неколку клубови и на крајот ја прифатиле понудата на Бешикташ.
Турскиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор за следната сезона.
Уште еден фудбалер кој на крајот на летниот преоден рок го напушти Арсенал е Начо Монреал кој за 250 000 фунти премина во Реал Сосиедад. Шпанецот мина одлични шест сезони на „Емирејтс“ и со својата професионалност секогаш наидуваше на почит од фановите на Арсенал, а новата сезона ја почна и како дел од капитенското друштво во тимот од Северен Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.