Фудбалерот на Славен Белупо и поранешен македонски репрезентативец Музафер Ејупи, вчера беше притворен, а потоа и пуштен на слобода поради препетување на 53-годишен човек.
По полицискиот распит, тој бил пуштен на слобода, додека неговиот роднина е задржан во притвор. Ејупи и неговиот роднина биле уапсени бидејќи со метална шипка претепале 53-годишен човек по расправија за паркинг место.
По преземената истрага за инцидентот околу 19.40 часот, 53-годишен човек од подрачјето на Копривница после вербален напад со метална шипка во пределот на главата го удрил 31 – годишниот државјанин на Македонија, а потоа со шипката уште неколкупати по телото го удрил и 32-годишниот роднина, кој е осомничен за нанесување на тешки телесни повреди. Постапувајќи во нужна самоодбрана, осомничениот 32-годишен маж ја земал металната шипка од 53-годишниот напаѓач и му задал удари по глава и тело и во таа физичка пресметка тешки телесни повреди добил напаѓачот, додека двоецот минал со лесни повреди, стои во соопштението на полициската управа на копривничко-крижевачката жупанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.