Поранешниот германски фудбалски репрезентативец, Штефан Ефенберг, верува дека неговата селекција ќе ја победи Англија во осминафиналниот дуел од Европското првенство.

Англичаните победија на осум од последните девет натпревари на кои настапија, но Ефенберг верува дека Германија е фаворит во нивната меѓусебна пресметка.

Мислам дека Англија ќе ни биде најлесен противник досега на ЕП. Во групата го имавме светскиот шампион Франција како и два тешки ривали во Португалија и Унгарија и тоа го преживеавме. Англичаните досега на ЕП не направија речиси ништо во нападот, Хари Кејн практично не се виде. Сигурен сум дека ќе ги победиме, а притисокот е на Англија. Сите очекуваат од нив да ја освојат титулата бидејќи играат на домашен терен иако се млада репрезентација – вели Ефенберг.

Големто дерби се игра утре (вторник) на стадионот „Вембли“ во Лондон со почеток од 18 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.