Македонскиот фудбалски интернационалец Баже Тодоровски кој настапува за Теута, во албански Драч за „Спортмедиа“ сведочи за синоќешниот земјотрес.
Вакво нешто немам доживеано, навистина беше страшно. Тоа беше ептен силен земјотрес. Околу мојата зграда речиси сè е урнато, едвај се извлековме што се вели. Сите сме во шок, моментално сме надвор во близина на една бензиска пупма. Овде е хаос, не знам што ќе биде понатаму, се надевам дека брзо ќе се стабилизира работата. Слушам дека има и мртви, од она што се забележува бројката не е мала“, истакна фудбалерот на Теута од Драч, инаку екс член на Шкендија, Работнички, Силекс, Вардар…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.