Валенсија вечерва објави дека дури 35 проценти од тимот се заразени со коронавирус!
Од „Местаља“ известуваат дека сите заразени се во изолација во своите домови и ги следат советите на лекарите.
Минатата недела Валенсија објави дека клубот имал пет позитивни на КОВИД-19, но тој број во меѓувреме е зголемен.
Езекил Гарај беше првиот што се зарази кај „лилјаците“.
Не беше откриено каде го „собрал“ вирусот, но најризично патување се сметаше дека беше во Милано за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Аталанта.
Пред вечерашната информација, најинфициран тим во Европа беше Сампдорија со седум „позитивни“, но сега тоа е Валенсија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.