Фудбалскиот клуб Ајакс се најде во сериозни проблеми откако дури 11 фудбалери се позитивни на Ковид-19.

Како што објави „Де Телеграф“, позитивните фудбалери се од првиот тим, но и од вториот состав на Ајакс, но засега не се објавени нивните имиња.

Холандскиот гигант неделава има дуел со Митјиланд во Лигата на шампиони, па сосема е извесно дека ќе биде сериозно ослабен во зависност кој од фудбалерите е позитивен.

Денеска целиот тим е повторно тестиран, па резултатите ќе бидат познати утре рано наутро. Тогаш ќе биде познато кој ќе биде вклучен во тимот за дуелот со данскиот тим, а кои фудблаери ќе останат во изолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.