Вечерва со почеток во 18.45 часот, македонската млада фудбалска репрезентација ќе ја има честа да ја пречека соодветната селекција на Шпанија, во чии редови ќе настапат голем број играчи со прволигашко искуство во панската Ла Примера.
Меѓу нив особено се истакнуваат имињата на Рики Пуџ и на Педри, две млади момчињ за кои во Шпанија очекуваат дека ќе бидат иднината на Барселона.
Пуџ сезонава веќе беше стандарден во првиот тим и одигра 13 натпревари во сениорскиот тим, додека 17-годиниот Педри, кој сезонава настапуваше како позајмен фудбалер во Лас Палмас, важи за еден од најталентираните млади шпански фудбалери и за него сериозно се размислува да биде дел од првиот тим на каталонскиот гигант и покрај неговата младост.
Освен овие двајца, во селекцијата има уште неколкумина фудбалери со искуство во првиот тим на Барселона, како играчот од средниот ред Карлес Алења и офанзивниот лев бек, Марк Кукуреља.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.