Српскиот фудбалски првак Црвена ѕвезда, ќе биде казнет за пропустите во организацијата на натпреварот со Милан. Иако официјално не требаше да има публика, трибините беа празни, но ложата на „Рајко Митиќ“ беше преполна. Насобраната група навиваше,  не  држеше дистанца, а а згора на се следеа и навреди на верска основа кои му беа упатени на Златан Ибрахимовиќ.

Во ложата имаше новинари, клупски претставници, но и Делии кои навиваа.

Од Црвена ѕвезда се огласија со соопштение, во кое најостро ги осудуваат навредите кон Ибрахимовиќ и сметаат дека тоа е гест на примитивен поединец. Клубот во соработка со надлежните органи работи на пронаоѓање на човекот кој го навредуваше Златан и ќе бара казна за него, а му се извини на Швеѓанецот за непријатноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.